Аталанта со 2-1 го победи Сасуоло, а првите минути за тимот од Бергамо ги одигра нашиот Елиф Елмас.
Елмас можеби немаше ниту тренинг со своите нови соиграчи, но Маурицио Сари го стави во игра во финишот од натпреварот.
Македонскиот фудбалер во игра влезе во 82. минута и го доигра мечот во моменти кога Аталанта ја чуваше предноста од 2-1.
Што се однесува до натпреварот, Аталанта поведе уште во шестата минута со гол на Распадори.
По десет минути игра во вториот дел Одентал изедначи на 1-1.
Сари реагираше и во 60 минута во игра ги внесе Де Кетеларе, Крстовиќ и Самарџиќ, по што се сменија работите.
Само пет минути подоцна Крстовиќ даде гол за водство на Аталанта од 2-1, што беше и конечен резултат.