24
Јувентус славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Фросиноне, до гостински три бода дојде и Лече кој со 2-0 беше подобар од Венеција.
Еден гол беше доволен за три бода, тоа се случи во 22. минута кога Бремер погоди за водство од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Лече со два гола во второто полувреме дојде до победа од 2-0 на гостувањето кај Венеција. Гортер и Тиаго Габриел беа стрелци на головите.