Еспањол со твит бараше втор жолт за Вини, Куртоа жестоко им врати! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со гол на Еспи во 90. минута синоќа победи на гостувањето кај Еспањол со 2-1 и со триумф ја стартуваше новата сезона во Ла Лига.

Во текот на мечот, Еспањол од официјалниот профил се пожали на судењето, конкретно тие сметаа дека Винисиус требаше да добие втор жолт картон поради глума.

„Колку глумења треба за втор жолт? За пријател прашувам“, е твитот на Еспањол.

Куртоа веднаш реагираше и ги потсети дека тие треба да бидат среќни што не останаа со фудбалер помалку многу рано во мечот.

„Твитот на Еспањол? Треба да се погледнете во огледало, а потоа да зборувате за другите. Лесно е да судите гледајќи ги работите само од ваша страна. Калатрава требаше да биде исклучен порано, или поради ударот врз Винисиус или поради фаулот врз Карерас кога веќе имаше жолт“, рече Куртоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×