Реал Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Еспањол благодарение на гол во 90. минута на младиот напаѓач Карлос Еспи, Жозе Мурињо победнички го почна својот нов мандат на клупата на кралскиот клуб.
Натпреварот почна одлично за Реал Мадрид, со гол на Белингем уште во деветата минута поведоа со 1-0.
Реал Мадрид доминираше, но следуваа минути на домаќините во кои Калатрава во 30. минута израмни на 1-1.
Тимот на Мурињо долго време се мачеше за да ја врати предноста, тоа конечно го направи нововлезениот Карлос Еспи кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на Еспањол и постигна гол во 90. минута за победа од 2-1.
За него ова беше официјално деби во дресот на Реал Мадрид.