Eкипата на Интер со убедлива победа од 4-1 против Монца тргна во одбрана на титулата и така најави дека и оваа сезона ќе бидат едни од главните кандидати за Скудетото.
Резултатот беше отворен со вистински Еврогол по само шест минути, Чалхнаголу со „бомба“ го матираше противничкиот чувар на мрежата и донесе водство на својот тим. Но, Монца не се откажа и на истекот на половина час игра преку Варела дојде до израменување.
Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата. По само три минути игра во вториот дел Интер дојде до ново водство и тоа преку Зјелински. Веќе во 55-тата минута во листата на стрелци се запиша и Еспозито кој даде уште еден атрактивен погодок со пета, за Бисек во 63-тата да ги постави конечнтие 4-1.
Во истиот термин се играше и натпреварот помеѓу Удинезе и Комо во кој немаше победник и двете екипи ги поделија бодовите, 1-1.