Дебакл на Тотнем на стартот од Премиер лигата (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Тотнем потроши многу пари за засилувања во летниот преоден рок, но во првото коло беше понижен од Брентфорд од кого загуби со 3-0, а можеше да помине и полошо.

Ако по утрото се познава денот, Де Зерби ќе има многу мака оваа сезона. Неговите момци изгледаа очајно денеска.

По само 12 минути игра Луис-Потер постигна гол за водство на Брентфорд од 1-0.

Во 33. минута Џанелт реализираше за 2-0, тоа беше и резултатот по првите 45 минути.

По само четири минути игра во вториот дел Кајоде даде гол за 3-0.

Во 54. минута Игор Тијаго не реализираше пенал за уште поголема предност на Брентфорд.

Конечниот резултат беше 3-0 за домашниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×