35
Арсими славеше гостинска победа кај Шкендија Арачиново која своите домашни натпревари ги игра на стадионот Чаир, тимот од Чегране триумфираше со 2-0.
По лошиот старт на сезоната, Арсими врза две победи и со шест бода ситуацијата сега им е многу поприфатлива.
Долго време резултатот беше оној почетниот, беше 0-0 се до 80. минута кога „џокерот“ Каба Јакупи постигна фантастичен гол за водство на Арсими од 1-0.
Десет минути подоцна, пред самиот крај на мечот, Јакупи погоди уште еднаш за победа на Арсими од 2-0.