Трет италијански клуб за Елмас – потпиша за Аталанта!

by riste
1 минути читање

Елиф Елмас е нов фудбалер на Аталанта, изненадувачки трансфер на македонскиот клуб бидејќи не се поврзуваше со тимот од Бергамо.

Аталанта го потврди трансфер, се работи за позајмица со опција за откуп.

„Аталанта со задоволство може да го потврди ангажманот на Елиф Елмас од Лајпциг на позајмица со опција за откуп“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.

Аталанта е третиот италијански клуб за Елмас, најголем дел од кариерата помина во Наполи, а играше и за Торино.

Трансферот неспремен го фати и Фабрицио Романо, кој призна дека се се случило многу брзо и тој немал информација.

Тренерот Маурицио Сари го побарал Елмас, а раководството за 24 часа му го донело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×