Популарните „галеби“ си подале рака со Манчестер јунајтед за трансфер на Карлос Балеба вреден околу 70 милиони фунти, а се очекува во следните денови да постигнат договор и со Ливерпул за продажба на Јанкуба Минте исто така за 70 милиони фунти.
Брајтон прави голема продажба во последните денови од преодниот рок, ќе инкасира околу 140 милиони фунти.
Голем број на извори пренесуваат дека „галебите“ си подале рака со Манчестер јунајтед за трансфер на Карлос Балеба вреден околу 70 милиони фунти, односно 65 милиони фунти како фиксен дел, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.
Се очекува Камерунецот денес да ги направи лекарските прегледи и во скоро време да стане третото засилување за средниот ред на „ѓаволите“ ова лето, по Андреј Сантош и Јури Тилеманс.
Што се однесува до иднината на Јанкуба Минте, Брајтон одби две понуди од Ливерпул, првата вредна 50 милиони, а втората вредна 60 милиони фунти.
Но двата клуба продолжуваат со преговорите и се очекува да биде постигнат компромис за зделка вредна околу 70 милиони фунти.
Јанкуба Минте веќе се има договорено со Ливерпул, па само прашање на време е кога трансферот ќе биде реализиран.