Скопје и Тиквеш го отворија новото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), натпреварот заврши нерешено 1-1.
Тиквеш подобро го почна мечот, Сила имаше одлична шанса, но не реализираше, потоа се закани и Виздом, но Наумовски го одбрани неговиот удар.
Како одминуваше времето Скопје ја стабилизираше играта, се ослободи од притисокот и почна да се заканува.
Во 34. минута Антонио Божиноски ја затресе мрежата на кавадаречкиот тим за радост на навивачите на Скопје.
Брзо потоа Ибрахима Фал доби втор жолт картон, но по прегледувањето на снимката судијата Фуркан Идризи одлучи дека нема елементи за исклучување и ја повлече одлуката.
Тиквеш веднаш постигна гол на стартот на вториот дел, но беше поништен поради офсајд-позиција на Гуџуфи.
Во 70. минута Тиквеш доби пенал поради игра со рака. Сила постигна гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.