Челси во почетокот на 2023 година полагаше големи надежи во младиот Беноа Бадијашил, кого го доведе од Монако за 38 милиони евра, но францускиот стопер во најмала рака не се снајде најдобро во западен Лондон.
По три и пол години сега е проценето е дека е време Бадијашил да замине на позајмица, а договорот е постигнат со Наполи.
Поранешниот фудбалер на Монако вчера и денес ги мина лекарските прегледи, па наскоро од Рим треба да отпатува на официјализација на соработката.
Според италијанските медиуми, Бадијашил најпрво ќе пристигне на едногодишна позајмица вредна три милиони евра, со опција Наполи да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.
Колку францускиот дефанзивец стагнираше во Челси најдобро покажува податокот дека минатата сезона запиша само пет настапи во Премиер лигата и четири во Лигата на шампионите.