Промена во последен момент: Скопје и викендов нема да може да игра во Автокоманда

by Стефан
0 минути читање

Наместо во Автокоманда, натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш ќе се одигра во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на Фудбалската федерација на Македонија.

Иако првично беше предвидено дуелот да се игра на стадионот во Автокоманда, сепак тој и понатаму не ги исполнува условите за одигрување натпревари од Првата лига.

Ова сигурно не е вест која ќе ги израдува навивачите на Скопје, кои ќе мора да почекаат уште малку пред својот тим повторно да бидат домаќин на својот терен.

Скопје и Тиквеш ќе се соочат утре, во петок, со почеток од 17 часот и тоа ќе биде првиот натпревар од четвртото коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×