Младиот Марк Гиу е дел од вишокот играчи на „Стемфорд Бриџ“, па со цел да го принудат да направи трансфер, Челси го остави напаѓачот без број на дресот.
Марк Гиу важеше за еден од најперспективните играчи во школата на Барселона, но во 2024 доби примамлива понуда од Челси и реши кариерата да ја продолжи во Лондон.
Сепак, тој никогаш не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“, имаше само епизодна улога и сега е дел од вишокот играчи.
„Сините“ бараат купец за неговите услуги, а со цел да го принудат да направи трансфер во последните денови од преодниот рок, го оставија напаѓачот без број на дресот.
Се шпекулира дека Челси бара околу 30 милиони евра за неговите услуги, што ќе донесе убав профит со оглед на тоа дека платија само 6 милиони евра за негов ангажман.
ФОТО: X/Chelsea FC