Интер е на чекор до реализација на трансферот на англискиот играч за врска Куртис Џонс од Ливерпул.
Според информациите на Фабрицио Романо, двата клуба постигнале вербален договор за трансферот, кој ќе изнесува 35 милиони евра.
Џонс имал јасна желба за својата иднина и сакал да го облече дресот на Интер, што дополнително го олеснило постигнувањето договор меѓу клубовите.
Следен чекор е проверка и одобрување на потребната документација. Доколку сè помине без проблеми, Џонс ќе отпатува во Италија, каде што треба да ги помине медицинските прегледи, а потоа да стави потпис на договорот со италијанскиот гигант.
Така, по долгогодишниот период во Ливерпул, 24-годишниот фудбалер е пред ново поглавје во кариерата и преселба во Серија А. За него Интер ќе биде само втор клуб бидејќи досегашната кариера ја помина во Ливерпул каде што играше и во младинските категории.