Ливаковиќ може да потпише за Барселона, па да оди на позајмица?

by Стефан
1 минути читање

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ е на чекор до трансфер во Барселона, но според плановите на каталонскиот гигант, искусниот чувар на мрежата оваа сезона би ја минал на позајмица.

Како што се наведува, менаџерот на Ливаковиќ, Енди Бара, веќе остварил контакти со заинтересираните страни, а Барселона е подготвена да издвои три милиони евра, плус дополнителни бонуси, за неговиот ангажман.

Идејата на Барселона е по потписот Ливаковиќ да биде испратен на позајмица во Динамо Загреб, каде би останал до крајот на сезоната. По истекот на позајмицата, хрватскиот голман би се вратил на „Камп Ноу“ и би ја имал улогата на резервна опција зад Жоан Гарсија.

Ливаковиќ во досегашната кариера ги бранеше боите на Загреб, Динамо Загреб, Фенербахче и Жирона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×