Oфицијално: Патрик Виера стана селектор на репрезентација која играше на Мундијалот

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот француски фудбалер Патрик Виера доби нов предизвик во тренерската кариера. Од денеска тој и официјално е нов селектор на Сенегал, откако постигна договор за најмалку две години со африканската репрезентација.

Виера на селекторската функција го наследува Папе Тиав, кој доби отказ по завршувањето на настапот на Сенегал на Светското првенство. Сенегалците беа елиминирани на несреќен начин од Белгија, откако во финишот од натпреварот дозволија противникот да надополни негатива од два гола.

Поранешниот капитен на француската репрезентација уште од самиот почеток беше главен кандидат за позицијата. Виера е роден во Дакар, па преземањето на селекцијата на Сенегал за него има и посебна емотивна тежина.

Пред новиот селектор веднаш се поставува сериозна задача. Веќе во септември ќе започнат квалификациите за Купот на Африкански Нации, што ќе биде и првиот вистински тест за Виеира на клупата на Сенегал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×