За Жорж Мендеш се е бизнис, агентот го понудил Рафаел Леао на ривал од Серија А

by bojan
1 минути читање

Жорж Мендеш не бира средства за да му пронајде нов клуб на Рафаел Леао, последните информации велат дека агентот го понудил напаѓачот на Рома.

Се најавуваше дека ова лето Милан ќе се раздели со Рфаел Леао, но како сериозен проблем се покажа пронаоѓањето на клуб кој е подготвен да плати 50 милиони евра, плус уште додатни десетина милиони евра во бонуси.

Ниту еден гигант ширум Европа не загриза посериозно, конкретни понуди пристигнаа од Турција, но тие беа далеку од посакуваното ниво.

Но новинарот Саша Таволиери сега најавува голем пресврт, Жорж Мендеш директно го контактирал семејството Фридкин, и го понудил Рафаел Леао на Рома.

Агентот ги известил газдите на „волчицата“ дека можат да го купат напаѓачот за 40 милиони евра плус бонуси.

Ова е домино ефект на уште еден трансфер кој беше оркестриран од Жорж Мендеш, односно преселбата на Диого Мореира од Стразбур во Милан во зделка вредна преку 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×