Челси ја одреди цената на Педро Нето, бара богатство за продажба на Португалецот

by bojan
1 минути читање

„Сините“ немаат намера лесно да се откажат од Педро Нето и ќе бараат околу 100 милиони фунти за продажба на репрезентативецот на Португалија.

Педро Нето е еден од фудбалерите на Челси кои би можел да замине од „Стемфорд Бриџ“ до крајот на преодниот рок.

Подолго време се шпекулира дека Манчестер Сити го мерка играчот како замена за Савињо, интерес пројавува и Арсенал, а изминатиов викенд се појавија информации кои велеа дека Португалецот на големо изненадување се договорил со Ал Хилал.

Но „сините“ немаат намера лесно да се откажат од Педро Нето и ќе го продадат само под нив услови.

Последните информации од „островото“ велат дека ќе се бара богатство или околу 100 милиони фунти.

Високата цена што ја постави Челси е под влијание на „напумпаните“ цени на пазарот од лето, вклучувајќи го трансферот од 117 милиони фунти на Морган Роџерс од Астон Вила, како и барањата од 145 милиони фунти на ПСЖ за Бредли Баркола.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×