Светски шампион воодушеви со скромноста: Сите во ПСЖ возат луксузни автомобили, а тој Смарт (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Паркингот пред тренинг-центарот на Пари Сен Жермен често изгледа како вистинска изложба на луксузни автомобили. Со оглед на огромните заработки на фудбалерите, за ѕвездите на францускиот шампион не е проблем да си дозволат автомобили од највисоката класа.

Но, меѓу сите тие скапоцени возила, еден фудбалер целосно се издвојува.

Шпанскиот репрезентативец Фабијан Руиз на тренинзите пристигнува со мал Смарт, што е вистинска реткост во друштвото на соиграчите кои возат автомобили вредни стотици илјади евра.

Неговиот автомобил, според проценките, чини околу 57.000 евра. Иако за еден градски автомобил тоа е сериозна сума, во споредба со возилата на останатите фудбалери на ПСЖ, разликата е огромна, нивните автомобили во некои случаи се и десетина пати поскапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×