Артета соопшти добра вест за навивачите на Арсенал

by riste
1 минути читање

По многу долга пауза, Микел Артета, му ја донесе титулата во Премиер лигата на Арсенал, фановите не треба да бидат загрижени за неговата иднина.

Артета влезе во последната година од договорот со Арсенал, но наскоро ќе стави потпис на продолжување на соработката.

Еден од челниците на клубот, Џош Кренке, уште во мај најави дека продолжувањето на договорот со шпанскиот стручњак е еден од главните приоритети на Арсенал, а сега и Артета јасно стави до знаење дека сака да остане.

„Навивачите не треба да се грижат за тоа, бидејќи сакам да бидам тука. Исклучително сум среќен и многу благодарен што можам да работам со луѓето со кои работам“, изјави Артета.

Шпанецот не гледа никаков проблем во тоа што новиот договор сè уште не е потпишан.

„Кога ќе имаме можност, ќе го решиме тоа. Тоа е сè.“

Артета истакнува дека меѓу него и раководството на Арсенал постои целосно разбирање.

„Сите се чувствуваат удобно и тајмингот на новиот договор нема да претставува проблем. Моја желба секако е да бидам тука и многу сум среќен. Имам чувство дека клубот го сака истото. Затоа сите пристапуваме кон тоа на многу природен начин“.

Артета на клупата на Арсенал е од 2019 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×