Трансферот на Родри ќе ја чини Барселона преку 200 милиони евра

by bojan
1 минути читање

„Каталонците“ успеаја да му нанесат удар на лутиот ривал Реал Мадрид на трансфер пазарот, но трансферот на Родри може да ги чини скапо, зделката се проценува на преку 200 милиони евра.

По крајот на Светското првенство, Родри се најавуваше како нов фудбалер на Реал Мадрид, но наместо да биде шлагот на тортата на летниот трансфер пазар на „кралевите“, Барселона се замеша и успеа да го украде Шпанецот.

Но „каталонците“ може скапо да го платат ударот што му го нанесоа на лутиот ривал на трансфер пазарот.

Се проценува дека Родри ќе ја чини Барселона преку 200 милиони евра, и во оваа пресметка е земено обештетување од 80 милиони евра, нето плата од 15 милиони евра годишно во следните четири години, плус дополнителни бонуси и провизии.

Но во Барселона сметаат дека Родри е играч за кого вреди да се направи толку голема инвестиција.

Во меѓувреме, Шпанецот е на пат кон Англија за да се приклучи на подготовките на Манчестер Сити за новата сезона. Но тој го замолил Манчестер Сити да не се враќа на тренинг и овој викенд да биде постигнат договор за негов трансфер.

„Граѓаните“ веќе одбија две понуди, последната вредна околу 65 милиони евра, но се очекува и трет предлог од преку 70 милиони евра, кој веројатно ќе биде доволен за трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×