Од Бразил пристигна информација која вели дека Тотнем понудил 100 милиони евра (околу 85 милиони фунти) за ангажман на Савињо, навивачите бараат напаѓачот веднаш да биде продаден.
„Спарси“ се обиде да го ангажира Савињо минатото лето, но тогаш Пеп Гвардиола стави вето на трансферот.
Бразилецот не доби голема шанса, па Тотнем сега повторно едели се обидува да го ангажира Бразилецот, последните гласини велат дека на маса е ставена богата понуда.
Весникот „Глобо Еспорте“ објави дека е доставена понуда од 100 милиони евра (околу 85 милиони фунти).
За навивачите на Манчестер Сити, понудата е премногу добра за да се одбие, и на социјалните мрежи почнаа да бараат напаѓачот веднаш да биде продаден.
Но „граѓаните“ во моментов не даваат зелено светло за трансфер, или барам нема да дадат додека не се најде соодветна замена.
Се шпекулира дека Педро Нето од Челси е една од опциите.
ФОТО: X/Manchester City