Газдата на ПСЖ сонува за ангажман на клучен играч на Барселона

by bojan
1 минути читање

Првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи има голема желба да го доведе младиот дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси.

ПСЖ и Барселона се во преговори за трансфер на Феран Торес и прашање е само на време кога двете страни ќе си подадат рака.

„Каталонците“ практично се ставени во шах-мат позиција, напаѓачот има само уште 12 месеци од договорот, не сака да стави потпис на нова соработка и веќе се договори со ПСЖ.

Па Барса сега ќе се обиде да извади што е можно повеќе пари од неговата продажба, се говори за зделка вредна околу 50 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Но последните информации велат дека Насер Ал Келаифи сонува за ангажман на едно друго име од Камп Ноу, првиот човек на ПСЖ има голема желба да го доведе младиот дефанзивец Пау Кубарси.

Тој го гледа Шпанецот како потенцијална замена за капитенот Маркињоз, особено го цени неговиот профил, како и сигурноста и квалитетот што го покажува со топката.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×