Милан трие раце, „росонерите“ убаво ќе се офајдат од трансферот на Тиџани Рејндерс

by bojan
1 минути читање

По најавите за трансфер на Тиџани Рејндерс во Саудиска Арабија, медиумите од Италија пренесуваат дека од оваа зделка убаво ќе се офајди и Милан.

Тиџани Ренјдерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона на „Етихад“.

Голем број на извори денеска објавија дека Ал Кадсија е во напредни преговори за трансфер вреден околу 60 милиони евра.

Ситуацијата внимателно ја следи и Милан, „росонерите“ убаво ќе се офајдат од една ваква зделка.

Клубот од Сан Сиро, минатото лето го продаде Холанѓанецот на Манчестер Сити во трансфер вреден 55 милиони евра, плус додатни 15 милиони во бонуси.

Од бонусите, 5 милиони евра веќе се активирани со пласманот на Манчестер Сити во Лигата на шампионите, додека останатите 10 милиони евра се поврзани со многу сложени, долгорочни индивидуални и тимски цели.

Но Милан при продажбата вметнал клаузула според која, доколку „граѓаните“ го продадат Тиџани Рејндерс пред 2030, ќе мора веднаш да бидат исплатени и преостанатите 10 милиони евра во бонуси, без разлика дали се исполнети условите за нивно активирање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×