Бизарно: Фудбалерите на Фулам одбија да изведуваат пенали, па Малага шутираше на празен гол (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фулам и Малага синоќа одиграа пријателски натпревар кој заврши на навистина необичен начин.

Фулам поведе во 24. минута со голот на Сесењон, но Малага само пет минути подоцна израмни преку Чупе. Во 57. минута Ивоби повторно го доведе англискиот тим во водство, а во судиското надополнување, во 90+1. минута, Жауреги од пенал погоди за 2-2.

Иако изведувањето пенали по нерешен резултат на пријателски натпревари не е невообичаена пракса фудбалерите на Фулам одбија да шутираат од белата точка.

Тие сметале дека пеналите се непотребни, но судијата инсистирал да се изведуваат. Главниот арбитар се обидел да го убеди тренерот на Фулам, Арбелоа, да ги натера своите играчи да шутираат, но Шпанецот бурно реагираше и заработи црвен картон.

По ова, фудбалерите на Фулам одлучија да го напуштат теренот и се упатија кон соблекувалната. Но, тука не заврши бизарната сцена.

Играчите на Малага останаа на теренот, а Жауреги ја зеде топката, ја поставил на белата точка и шутираше во празниот гол. Потоа ги повика соиграчите да му се придружат во несекојдневната прослава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×