Каземиро воодушен од Меси: Тоа што го направи е неверојатно, никогаш не сум видел нешто слично

by Стефан
1 минути читање

Лионел Меси уште еднаш покажа зошто со години важи за еден од најголемите фудбалери во историјата. Веднаш по погребот на својот татко, Хорхе, Аргентинецот се упатил за Мајами за да му помогне на својот тим.

Потегот на Меси силно го импресионирал неговиот нов соиграч Каземиро, кој не криеше дека е воодушевен од професионалниот однос на Аргентинецот, и покрај огромната лична загуба.

„Тој е пример. Сигурен сум дека минува низ многу тежок период, но чувствуваше обврска кон соиграчите и клубот. Тоа што го направи е неверојатно. Никогаш во животот не сум видел нешто слично“, изјави Каземиро.

Хорхе Меси беше една од најважните личности во животот и кариерата на Меси. Покрај тоа што му беше татко, со години се грижеше и за неговата менаџерска и деловна страна. И покрај болката од загубата, Меси одлучи веднаш да се врати во САД и да му помогне на Интер Мајами.

„Единствено што можеме да направиме е да му се заблагодариме што е тука“, додаде бразилскиот фудбалер.

Каземиро смета дека токму ваквиот карактер и посветеност се дел од причините поради кои Меси има статус на фудбалска легенда.

„Тоа е една од причините поради кои е толку голем. Тој е еден од најдобрите во историјата, ако не и најдобриот“, порача Бразилецот.

Интересно е што Каземиро во кариерата беше соиграч и со Кристијано Роналдо со кого играше во Реал Мадрид, па токму затоа неговите зборови имаат и дополнителна тежина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×