Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси му поставил двоен ултиматум на Манчестер Сити за трансферот на Енцо Фернандез, сумата е 120 милиони фунти и последен рок е петок во 17 часот по британско време ( 18 часот по македонско време).
Енцо Фернандез е желбата на Енцо Мареска за наследникот на Родри, и Манчестер Сити веќе отвори преговори со агентите на Аргентинецот.
Но Челси не сака да влезе во трансфер сага пред почетокот на новата сезона, па клубот од „Стемфорд Бриџ“ поставил двоен услов за ситуацијата да се реши на еден или друг начин.
Зделката може да се реализира само доколку на маса бидат ставени 120 милиони фунти и веќе ги информирале „граѓаните“ за начинот на кој сакаат да биде исплатена сумата.
Исто така, Челси поставил рок до петок во 17 часот по британско време (18 часот по македонско време) да биде доставена понудата.
Доколку ова не се случи, Челси нема да го продаде Енцо Фернандез на Манчестер Сити ова лето и Аргентинецот ќе остане во Лондон.