57
Турскиот гигант Бешикташ официјално потврди дека Душан Влаховиќ е ново засилување на тимот од Истанбул.
„Црно-белите“ од Босфорот решија на необичен начин да го објават трансферот. На своите официјални канали објавија фотографија од златник на кој е врежан ликот на српскиот голгетер, со што ставија до знаење дека договорот е завршен и трансферот е официјализиран.
Влаховиќ и Бешикташ договорија соработка во траење од четири години, па српскиот напаѓач во следниот период ќе го носи дресот на турскиот клуб.
Со неговото пристигнување, Бешикташ добива сериозно засилување во нападот и големо име за продолжението на сезоната.
— Beşiktaş JK (@Besiktas) August 12, 2026