Кристијано Роналдо му даде поддршка на Лео Меси по смртта на неговиот татко, Португалецот го стави на страна големото ривалство со Аргентинецот во овој тежок момент.
По многу шпекулации за здравствената состојба на Хорхе Меси, минатата недела пристигна информација дека таткото на Лео Меси починал.
Тој беше најголема поддршка на напаѓачот уште од неговите најрани денови и направи огромни жртви за да му помогне на својот син да го оствари фудбалскиот сон.
Па Лео Меси тешко ја поднесе загубата на својот татко, на неодредено време ја стави кариерата во мирување, а одредени извори дури велат дека тој размислува и за целосно повлекување.
Останува да се види дали Лео Меси повторно ќе истрча на терените, но тој попладнево со емотивна објава на Инстаграм се прости од него.
Во коментари доби огромна поддршка, а еден од оние кои му пишаа беше и Кристијано Роналдо.
Португалецот го стави на страна големото ривалство со Аргентинецот и му порача: „Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во овие тешки моменти. Лео, биди силен“.
