Газдата на Јунајтед го блокира трансферот на Рашфорд во шест ривали, се плаши од голем срам

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Мирор, газдата на Манчестер јунајтед, Сер Џим Рфтклиф ставил вето на потенцијален трансфер на Маркус Рашфорд во ривал од Премиерлигата, се плаши од голем срам.

Маркус Рашфорд минатата недела се врати на тренинг во Манчестер јунајтед откако Барселона одби да ја активира клаузулата вредна 30 милиони евра со која можеше во целост да го ангажираат напаѓачот.

И покрај тоа што има гласини кои велат дека Мајкл Керик е подготвен да му даде нова шанса на Маркус Рашфорд, газдата Сер Џим Ратклиф сака да се ослободи од високите примања на играчот кои изнесуваат преку 300.000 фунти неделно.

Но тој во исто време ставил вето на потенцијален трансфер во ривал од Премиерлигата.

Сер Џим Ратклиф не сака да го продаде Маркус Рашфорд на Арсенал, Ливверпул или Манчестер Сити, а не помислува ниту за позајмица во клубови како Челси, Тотнем и Астон Вила.

Стравот е дека Маркус Рашфорд би можел да одигра клучна улога во борбата за пласман во Лигата на шампиони со некој од ривалите, и за Сер Џим Ратклиф тоа би се доживеало како голем срам.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×