Манчестер јунајтед и Арсенал прават шокантна трампа?!

by bojan
1 минути читање

Младата ѕвезда на Арсенал, Мајлс Луис Скели е понуден на Манчестер јунајтед, дури се шпекулира и за шокантна трампа со Маркус Рашфорд.

Мајлс Луис Скели пред 12 месеци потпиша нов договор со Арсенал, но очигледно нема долгорочна иднина на „Емирати“.

Новинарот Бен Џејкобс објави дека младата ѕвезда на „топчиите“ била понудена на Манчестер јунајтед и Челси.

„Ѓаволите“ имаат потреба од засилување во средниот ред и левата бековска позиција, а Луис Скели се посочува како интересна опција бидејќи може да покрие и на двете позиции.

Не е исклучена ниту опцијата за шокантна трампа помеѓу двете клуба, односно Маркус Рашфорд да се пресели во Арсенал како дел од зделката.

„Топчиите“ се во потрага на засилување за левата крилна позиција, и Англичанецот е едно од имињата на листата со желби.

Па евентуална рамена Луис Скели – Рашфорд би можела да биде решение од кои би профитирале и двете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×