Михаилов: Потребни се големи промени, Вардар не е на вистинскиот пат

by riste
1 минути читање

Поранешниот тренер на Вардар, Горазд Михаилов, во емисијата на ТВ Арена спорт Македонија, „Гол за повеќе“, зборуваше за актуелната состојба во најголемиот македонски клуб.

Вардар одигра шест официјални натпревари оваа сезона, четири европски и два домашни. Црвено-црните имаат дури три порази пред своите навивачи.

Данокот го плати тренерот Кристијан Фабијани кој доби отказ поради лошите резултати. Одлуката следуваше по поразот од Шкендија.

Горазд Михаилов смета дека проблемите на Вардар се подлабоки и треба да следуваат порадикални промени со цел црвено-црните да блеснат во посакуваниот сјај.

„Во ваквите ситуации секогаш прв на удар е тренерот и логично е да го променат. Но, сметам дека и други треба да сносат одговорност. Кои го донеле, зошто го донеле, зошто тие играчи…?“, вели Горазд Михаилов во емисијата „За гол повеќе“.

„Резултатите од изминатите месец и половина покажуваа дека Вардар не е на вистинскиот пат и дека мора да се направат порадикални промени доколку клубот сака да ја следи Шкендија која одигра одлично“.

„Во овие шест натпревари, четирите европски и двата домашни, се увиде дека нешто не штима, дека коцките не се поставени онака како што треба. Поразот од Шкендија беше трет по ред на Градски, не паметам кога Вардар последен пат наредил толку домашни порази по ред. Сето тоа кулминираше со мечот против Шкендија за кој можеме да кажеме и дека доколку Вардар го немаше Талески на голот, можеше да загуби и поубедливо“.

Ова е само мал дел од анализата на Горазд Михаилов, целиот разговор може да го погледнете на видеото во прилог:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×