Ливерпул го потврди трансферот на Араухо од Барселона

by bojan
1 минути читање

Клубот од Енфилд попладнево го официјализираше трансферот на Роналд Араухо од Барселона, дефанзивецот пристигнува позајмица со опција во целост да биде купен за 55 милиони евра.

Едно од изненадувањата ова лето на трансфер пазарот е преселбата на Роналд Араухо во Ливерпул.

И покрај тоа што немаше никаква гласини, зад сцената, двата клуба отворија преговори во средата, за 48 часа беше пронајден договор, па вечерва пристигна и официјална потврда.

Уругваецот пристигнува на Енфилд на позајмица до крајот на сезоната, со опција во целост да биде купен за 55 милиони евра. „Црвените“ нема да платат ништо, но затоа во целост ќе ја покријат платата на Роналд Араухо, но се верува дека играчот се согласил на намалување на примањата само за да се реализира трансферот.

Во Ливерпул оваа зделка ја гледаат како шанса што не требало да се пропушти, го ценат искуството на Араухо, како и можноста да игра и на позицијата стопер и како десен бек. Дополнително, тој носи и лидерски квалитети, беше еден од капитените на Барселона.

Сепак, трансферот носи и одреден ризик со оглед на тоа дека Роналд Араухо често се мачеше со повреди изминативе месеци, а имаше проблем и со менталното здравје.

А во моментов, Ливерпул го има само Вирџил ван Дајк како единствениот фит централен дефанзивец.

Засилувањето вредно 60 милиони фунти, Жереми Жаке дојде повреден и се уште не е во натпреварувачки ритам, додека пак Џо Гомез заработи повреда веќе на првиот тест натпревар и ќе го пропушти старт на сезоната. Што се однесува до засилувањето од минатата сезона, Џовани Леони влезе во во завршната фаза од опоравувањето по тешката повреда (скинати предни вкрстени лигаменти на колено) и се очекува да се врати на терените на средината од септември.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×