Не е само Араухо, уште двајца фудбалери на Барселона пред заминување

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Марк Касадо и Руни Бардгџи се изоставени од составот на Барселона за контролните натпревари против Удинезе и Нотингем Форест,  двајцата фудбалери се пред заминување од „Камо Ноу“.

Утрово беше објавено дека Роналд Араухо ја напушта Барселона, дефанзивецот се сели во Ливерпул на позајмица до крајот на сезоната.

„Црвените“ во целост ќе ја покријат платата на дефанзивецот, а ќе имаат и опција во целост да го купат за 55 милиони евра.

Последните информации велат дека не е само Роналдо Араухо, уште двајца фудбалери на Барселона се пред заминување.

Марк Касадо и Руни Бардгџи се изоставени од составот за контролните натпревари против Удинезе и Нотингем Форест.

За Марк Касадо веќе неколку недели се преговара со Ал Хилал, „каталонците“ се надеваат дека ќе договорат трансфер вреден помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Руни Бардгџи пак е мета на неколку европски клубови, а во последно време најконкретен интерес пројавува Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×