„Специјалниот“ на ум веќе има како ќе изгледа составот на Реал Мадрид и одредил шестмина околу кои ќе се гради проектот.
Жозе Мурињо ова лето се врати на „Бернабеу“ со цел повторно да воспостави дисциплина и стабилност, како на теренот, така и во соблекувалната.
Како што пренесува АС, Жозе Мурињо на ум веќе има како ќе изгледа составот на „кралевите“ и одредил шестмина околу кои ќе се гради проектот.
Во групата недопирливи се Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Тубо Куртоа, Феде Валверте и летното засилување Марк Кукуреља. Наскоро кон нив може да се приклучи и Јан Диоманде, а за сите останати играчи, местото во тимот ќе зависи од тоа дали ќе успеат да го убедат „специјалниот“ дека заслужуваат доверба.