Клубот од „Сент Џејмс Парк“ го идентификувал Феликс Нмеча од Борусија Дортмунд како замена за Бруно Гимраеш, но ќе мора да го собори сопствениот трансфер рекорд за реализација на зделката.
Бруно Гимараеш е последното големо име кое го напушта Њукасл ова лето, Бразилецот е пред потпис со Арсенал во зделка вредна околу 75 милиони фунти, нешто над 87 милиони евра.
Клубот од „Сент Џејмс Парк“ го идентификувал Феликс Нмеча од Борусиај Дортмунд како замена, но ќе мора да плати многу повеќе и да го собори сопствениот рекорд за да го надополни заминувањето на Бруно Гимараеш.
Репрезентативецот на Германија има откупна клаузула од 80 милиони евра, но таа се активира следното лето, па Борусија Дортмунд сега бара многу повеќе за продажба.
Се шпекулира дека ќе бидат потребни помеѓу 100 и 120 милиони евра за Борусија Дортмунд овој месец да се раздели со Феликс Нмеча.