Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Арсенал опипал терен за ангажман на Кристијан Ромеро од лутиот локален ривал Тотнем.
„Топчиите“ сакаат да донесат засилување за одбраната по повредата на Вилијам Салиба и последните информации говорат за предавство какво што немало одамна.
Фабрицио Романо објави дека Арсенал пројавил интерес и опипал терен за ангажман на Кристијан Ромеро, капитенот на лутиот локален ривал Тотнем.
Но сосема очекувано, „спарси“ одбиваат една ваква зделка и преферираат Аргентинецот да биде продаден во странство.
Интер начелно има договор за трансфер вреден 40 милиони евра, но мора да продава за да ја комплетира зделката.
Атлетико Мадрид исто така подготвува понуда и е во преговори со агентите на дефанзивецот.