Пресврт: Родри и кажал ДА на Барселона!

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Родри прифатил трансфер на Камп Ноу, па Барселона сега ќе седне на преговори со Манчестер Сити.

Голем пресврт во ситуацијата на Родри, кога се чинеше дека Шпанецот е на добар пат да се пресели во Реал Мадрид, доби понуда од Барселона и попладнево голем број на извори објавија дека тој им кажал ДА на „каталонците“.

На Родри му се допаднал проектот што му бил презентиран па дал зелено светло за трансфер на Камп Ноу.

Сега Барселона ќе седне на преговори со Манчестер Сити и ќе се обиде да пронајде заеднички јазик, но зделката воопшто не е лесна, се говори дека ќе бидат потребни помеѓу 60 и 70 милиони евра за реализација на трансферот.

„Кадена Копе“ објави дека Родри и бил понуден на Барселона на почетокот од летото за 60 милиони евра, но тогаш Лапорта и Деко не покажале сериозен интерес.

Сепак ситуацијата сега е поинаква, по тешката повреда на Френки де Јонг, кој најверојатно ќе мора на операција, Барселона го гледа Родри како идеален играч за средниот ред во тимот на Ханси Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×