Атлетико Мадрид продаде двајца фудбалери и тргна да му расипува трансфер плановите на Интер

by bojan
1 минути читање

Популарните „колчонероси“ ќе понудат 40 милиони евра за ангажман на Кристијан Ромеро од Тотнем, зделката се финансира со продажбата на Науел Молина и Матео Руџери.

Интер ризикува да остане без уште една трансфер цел, Атлетико Мадрид влегува во трката за потписот на Кристијан Ромеро.

Клубот од „Метрополитано“, договори продажба на двајца фудбалери – Науел Молина во Рома за 19 милиони евра сосе бонуси, и Матео Руџери во Астон Вила за 24 милиони евра сосе бонуси.

Па со помош на овие зделки, сега ќе достави понуда до Тотнем за услугите на Кристијан Ромеро вредна околу 40 милиони евра.

Се говори дека платата која Атлетико ќе му ја понуди на Аргентинецот е поголема од таа што Интер ја нуди, па лесно може да се случи тој да се пресели во Мадрид, а не во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×