Голем број на извори пренесуваат дека Реал Мадрид и РБ Лајпциг си подале рака за трансфер на Јан Диоманде вреден околу 140 милиони евра сосе бонуси.
Јан Диоманде сепак ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, и покрај тоа што од таборот на РБ Лајпциг сакаа да презентира поинаква слика пред неколку дена.
Сепак, нивниот став влијаеше на тоа Реал Мадрид да плати повеќе од тоа што првично се говореше, попладнево голем број на извори објавија дека паднал договор за трансфер вреден околу 140 милиони евра сосе бонуси.
Па ова ќе биде еден од најскапите, ако и не и најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид.
„Кралевите“ за трансферот на Еден Азар во 2019 со Челси договорија зделка вредна околу 150 милиони евра сосе бонуси, додека пак трансферот на Џуд Белингем во 2023 беше 133.9 милиони евра сосе бонуси.
Нејасно е колку од бонусите за овие трансфери се активирани и која е крајната цена, специјализираниот „Трансермаркт“ го води трансферот на Џуд Белингем како зделка од 127 милиони евра, додека тој на Еден Азар како зделка од 120 милиони евра.
Што се однесува до трансферот на Јан Диоманде, се пишува дека фиксната сума е 125 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во лесно остварливи бонуси, како и додатни 5 милиони евра во потешко остварливи бонуси.