Медиумите од „островото“ пренесуваат за изненадувачки трансфер помеѓу градските ривали Челси и Арсенал, се говори дека Чаби Алонсо го сака својот сонародник Мартин Зубименди.
Утрово беше објавено дека Арсенал и Њукасл си подале рака за трансфер на Бруно Гимараеш вреден околу 75 милиони фунти, и оваа зделка може да влијае врз иднината на Мартин Зубименди.
Шпанецот, кој минатото лето пристигна на Емирати, сега може да се најде како вишок и да падне во втор план кај Микел Артета.
По ова ја отвара вратата за негов шокантен трансфер во Челси, зделка зад која стои Чаби Алонсо.
Тренерот е голем фан на својот сонародник, го имаше на ум како засилување уште минатото лето во Реал Мадрид, но „кралевите“ тогаш одбија да му ја исполнат желбата.
Останува да се види дали Челси ќе го послуша советот на својот менаџер со оглед на тоа дека се добро покриени на средината од теренот.
ФОТО: X/Arsenal