Два леви бека во еден ден за Чаби Алонсо: Првиот официјално потврден, вториот договорен

by bojan
1 минути читање

Челси попладнево го потврди трансферот на Валентин Барко од сестринскиот клуб Стразбур, а го договори и Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано.

„Сините“ се во потрага на нов лев бек откако Марк Кукуреља беше продаден на Реал Мадрид за 60 милиони евра, а Чаби Алонсо на крајот ќе добие две имиња.

Челси попладнево го потврди трансферот на Валентин Барко од сестринскиот Стразбур.

21 годишниот Аргентинец, пристигна во Европа во 2024 во редовите на Брајтон, но се пронајде себеси дури година дена подоцна во Стразбур, каде доби и нова улога во средниот ред.

Останува да се види каква ќе бидат плановите на Челси со него, клубот од „Стемфорд Бриџ“ исто така го договори и Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано.

По долги преговори, двете страни си подале рака за зделка вредна околу 25 милиони евра, што ќе преставува најскап трансфер во историјата на клубот од Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×