169
Шкендија потврди дека повредите на Фабрис Тамба и Бојан Димоски со кои се здобија на мечот против Браво не се сериозни.
Тамба и Димоски заработија повреди на мечот со Браво кој Шкендија го доби со 3-1. Врз двајцата фудбалери се направени детални медицинските тестови кои покажале дека повредите не се сериозни.
Двајцата фудбалери добија неколкудневен одмор, во понеделник пак ќе бидат прегледани од медицинскиот тим кој ќе треба да каже дали ќе можат да настапат на престојните дуели.
Пред Шкендија се два меча против шкотскиот тим Хибернијан во квалификациите од Конференциската лига, а меѓу нив е дербито против Вардар во Првата македонска фудбалска лига.