Како што пренесува „Футмеркато“, Феран Торес ги известил своите агенти дека сака да ја продолжи кариерата во ПСЖ, се очекува следната недела да бидат отворени преговори.
Барселона ќе остане без Феран Торес, херојот на Шпанија во финалето на Светското првенство, сака трансфер во ПСЖ.
„Футмеркато“ објави дека напаѓачот веќе ги известил блиските луѓе дека сака да ја продолжи кариерата во Париз.
Тој наводно ја споделил својата намера и со дел од соиграчите во соблекувалната, а Барселона ја прифатила неговата одлука и е подготвена да седне на маса со ПСЖ.
Преговорите помеѓу двата клуба треба да почнат следната недела, со цел да се најде решение што ќе им одговара на сите страни.
Феран Торес, кој пристигна на „Камо Ноу“ во 2021, ги одработува последните 12 месеци од договорот, па Барселона нема многу адути и ќе мора да пронајде дил со „светците“.