Салах го откачи Бешикташ за изненадувачка дестинација во Турција?!

by bojan
1 минути читање

Преговорите помеѓу Бешикташ и Мохамед Салах влегоа во ќор сокак, па Египјанецот сега се поврзува со изненадувачки трансфер во редовите на Трабзонспор.

По девет незаборавни сезони во дресот на Ливерпул, Мохамед Салах ова лето е во потрага на нов клуб, и изминативе недели силно се најавуваше негов трансфер во Бешикташ.

Дури се говореше дека двете страни начелно се договориле, но ненадејно преговорите влегоа во ќор сокак.

Ова ја отвори вратата а изненадувачки трансфер, неколку извори објавија дека Трабзонспор е многу блиску до договор со Мо Салах и работи на финализирање на зделката.

Се шпекулира со плата од 17 милиони евра по сезона, со која Трабзонспор успеал да го привлече напаѓачот на северот од Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×