Неблагодарната Валенсија пак му носи конкуренција на Димитриевски!

by 24 фудбал
1 минути читање

Валенсија продолжува со потрагата по нов голман, а шпанските медиуми откриваат дека прва желба на клубот е украинскиот чувар на мрежата Олександр Сапутин.

Според „Трибуна Депортива“, а информацијата ја потврдува и „АС“, 22-годишниот голман веќе подолго време е под лупа на скаутската служба на Валенсија, која го гледа како идеално решение за засилување на конкуренцијата меѓу стативите.

Сапутин е висок 197 сантиметри и со своите квалитети целосно се вклопува во профилот на голман што го бара клубот од „Местаља“. Тој од 2022 година е член на првиот тим на Зориа Лугањск, па доколку дојде во Шпанија ќе го има првиот интернационален предизвик.

Доколку трансферот биде реализиран, украинскиот голман ќе води директна битка со македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски за местото во стартниот тим на Валенсија во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×