Аргентинскиот талент, Франко Мастантуоно не е во плановите на Жозе Мурињо, па ќе си бара нов клуб, а како што пренесува АС, голем е интересот за неговите услуги.
Франко Мастантуоно минатото лето направи трансфер од соништата, се пресели на „Бернабеу“ откако Реал реши да инвестира преку 60 милиони евра за негов ангажман.
Тој добро ја стартуваше авантурата во Мадрид, но со текот на времето го загуби местото во тимот. Не успеа да се наметне кај Алваро Арбелоа, а не успеа да го импресионира и Жозе Мурињо, па ова лето ќе треба да си бара нов клуб.
Како што пренесува АС, интересот за Аргентинецот е огромен, Франко Мастантуоно има преку 12 понуди.
Меѓу најсериозните кандидати се споменуваат Милан, Рома, Фиорентина и Виљареал, а интерес има и од Франција и Англија.
Ривер Плата изрази желба да го врати во своите редови, но играчот и Реал сакаат неговиот развој да продолжи во Европа.