Барселона на крај нападот ќе го засили со фудбалер од Косово?!

by bojan
1 минути читање

Хулијан Алварез останува цел број 1 на Барселона за засилување на нападот, но се разгледуваат и други опции, а ново има во „планот Б“ е Фисник Аслани.

„Каталонците“ мака мачат да донесат нов напаѓач, Атлетико Мадрид одбива да го продаде Хулијан Алварез, а отпадна и втората опција, Ели Јуниор Крупи заработи сериозна повреда и ќе паузира 3-4 месеци.

Како што пренесува Спорт, ваквиот развој на настаните ги зголемуваат шансите за трансфер на Фисник Аслани од Хофенхајм.

Барселона е импресионирана од голгетерскиот инстинкт на фудбалерот од Косово, како и стилот на игра, односно тоа што агресивно притиска високо на терен, физички е доминантен со своите 192 цм и има потенцијал уште повеќе да напредува.

РБ Лајцпиг сака да го ангажира, но тој ги стави на стенд бај „биковите“ и чека да види дали ќе му се укаже прилика да се пресели на Камп Ноу.

Неговата откупна клаузула е 29 милиони евра, сума која Барселона лесно може да си ја дозволи.

Во меѓувреме, „каталонците“ ја добиле тужбата која Атлетико Мадрид ја покрена пред Фудбалската федерација на Шпанија и ФИФА.

Од Атлетико тврдат дека Барселона недозволено стапила во контакт со Хулијан Алварез, па клубот од Камп Ноу сега ќе треба да ја раскаже својата страна на приказната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×