Еди Хау повеќе нема да биде тренер на Њукасл. По пет успешни години на клупата на овој клуб англискиот стратег одлучи да го напушти тимот, иако првично имаше договор за продолжување на соработката со црно-белите.
Сепак, Хау се предомислил во последен момент и решил да направи пауза од тренерските обврски. Тој со Њукасл го освои Карабао купот во 2025 година, што беше прв трофеј за клубот по пауза од 70 години.
Раководството на Њукасл веднаш реагираше и најверојатно нов тренер ќе биде Германецот, Матијас Јајсл, актуелниот предводник на саудискиот Ал Ахли.
Јајсл со својот сегашен тим успеа да освои два трофеи во азиската Лига на шампиони, а пред тоа беше тренер на австриски Салцбург, со кој освои две шампионски титули и два трофеи во националниот Куп.
Дополнителен фактор кој може да го олесни договорот е фактот што мнозински сопственик на Њукасл, но и на Ал Ахли, е саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) кој раководи и со премиерлигашот.