„Каталонците“ мака мачат со засилување за нападот, Атлетико Мадрид одбива да го продаде Хулијан Алварез, а на пречка наидоа и кај планот Б, Ели Јуниор Крупи заработи сериозна повреда.
Засилување на нападот е приоритет на Барселона ова лето, и Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е прва желба.
Се верува дека на маса има понуда од 100 милиони евра плус бонуси, но Атлетико Мадрид не сака да слушне за продажба под овие услови.
Ели Јуниор Крупи од Борнмут е план Б, но „каталонците“ немаат среќа ниту со оваа зделка.
Л’Екип попладнево објави дека Борнмут веќе одбил две понуди од Барселона, а вечерва пристигна и информација за сериозна повреда.
Младиот напаѓа заработил фрактура на петтата петтата метатарзална коска на стапалото, па ќе мора на операција и го чека пауза од три до четири месеци.